СООБРАЌАЈОТ НА ПАТОТ ДЕБАР – МАВРОВО СЕ ОДВИВА НАИЗМЕНИЧНО ПО ЕДНА ЛЕНТА Сѐ уште се затвора отворената дупка на коловозот

0
20

Од 12.00 часот, сообраќајот на регионалниот пат Дебар – Маврово Ростуше во непосредна близина на Мелнички Мост наспроти Хотел „Дебарски Бањи“, за патнички моторни возила се одвива наизменично по една коловозна лента, информира АМСМ.

Сообраќајот беше во прекин од 8 часот утрината бидејќи на коловозот се појави дупка широка 5 метри, а длабока над 10 метри.

Јавното претпријатие за одржување на патиштата се обидува да ја пополни дупката со песок.