Kaсами: За 4 години ќе зборуваме за култура, спорт, за урбанизам на град, чиста вода за пиење, најсовремена инфраструктура, младински живот

0
19

Само со Вашето присуство во голем број на овој митинг вечерва ѝ праќаме порака на Теута Арифи дека граѓаните не се задоволни од нејзиното лошо менаџирање на општината. Град што нема вода за пиење, град што има депонија нечистотија, дивоградби, сообраќаен хаос, кучиња скитници… Оваа слика го покажува лошото менаџирање на Арифи и граѓаните не сакаат таа да ги води и во наредните 4 години“, порача претседателот на „Беса“ и кандидат за градоначалник на Тетово, Биљал Касами пред големиот број граѓани кои се собраа вечерва во Тетово

Со нашата локална самоуправа ви ветувам дека за 4 години ќе зборуваме за култура, спорт, за урбанизам на град, со чиста вода за пиење, со најсовремена инфраструктура, младински живот и европски услови, а не европски град каков што ветува Теута Арифи, а нема никакви услови. Европски град може да биде само еден град ако ги има сите потребни услови за живеење“, истакна Касами.

Тој рече дека Арифи е виновна затоа што за 8 години ги избркала сите млади во странство и не им дала можност да се вратат во родниот крај.

„Преку економски инкубатори ќе ги поддржуваме сите млади бизнисмени да се вратат во нашиот град. Од понеделник победници ќе бидеме ние заедно со граѓаните. Од понеделник ќе има друга општина во Тетово. Сите заедно ќе бидеме победници во овој град, без разлика на националност и верска припадност. Вратите на Општина Тетово ќе бидат отворени за сите и сите ќе бидат победници во овој град“ порача Касами.