Групацијата на Бранко Црвенковски сака да го преземе СДСМ, вели Бучковски

0
43

По заминувањето на премиерот Зоран Заев, неколку групации покажуваат амбиции за преземање на партијата, а меѓу нив е и Бранко Црвенковски, рече синоќа Владо Бучковски – поранешен премиер и лидер на СДСМ.

„Бранко не ни крие дека има амбиции. Бранко му нанесе штета на Заев, на почетокот на кампањата. И јас се соочив со суетата на Црвенковски во 2006 година. Не случајно голем дел од членовите на СДСМ останаа дома“, посочи Бучковски.

Бучковски, меѓу другото, изјави дека луѓе блиски до Црвенковски работеле на кампањата Максим Димитриевски да добие втор мандат за градоначалник на Куманово

Осврнувајќи се на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, Бучковски рече дека тој на овие избори бил потценет од страна на СДСМ, а всушност „си ја бетонирал позицијата на лидер на ВМРО-ДПМНЕ“.

„Очигледно со овие резултати си ја забетонира неговата позиција како лидер на ВМРО-ДПМНЕ и очигледно ќе помине со акламација на конгресот во ноември, а тоа висеше како отворено прашање“, рече Бучковски.