Колку општини освоија партиите од Албанскиот блок

0
48

Од партиите од Албанскиот политички блок ДУИ освои најголем број општини вкупно десет. Но бастионот на партијата на Али Ахмети отиде во рацете на Беса. Биљал Касами, ќе ја води општината во наредните четири години. ДУИ не успеа да ја врати Општина Гостивар, каде уште еден мандат доби актуелниот градоначалник Арбен Таравари од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.

 

Зурли, тапани, пиротехника, голем славје на градскиот плоштад.

Биљал Касами од Беса на кого пред четири години му избега победата за стотици гласови, на овие избори со убедливо водство од над 5000 гласа пред противкандидатот Теута Арифи од ДУИ.

Не очекува многу работа затоа и не сакам да зборувам многу, истакна Касами. Се заблагодари за подршката, на сите без разлика на етничката и верската припадност, Тетово рече му припаѓа на тетовци.

По изборниот ден, Теута Арифи го призна поразот во Тетово каде управуваше 8 години. Му посака успех на против кандидатот. Се надева како што рече, ќе работи за прогресивен град, како што таа работела.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети, истакна дека изборниот процес поминал според очекуваните стандарди. Уште еднаш покажавме дека како земја знаеме да организираме фер мирни и демократски избори, посочи Ахмети, кој ги кажа општините каде победиле.

Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на гласачите, шефовите на штабови, централните штабови, на ограноците за неуморната работа што ја направија за целиот процес. Во првиот круг добивме градоначалник за Липково, Пласница, Сарај. Во вториот круг ДУИ победува во Струга, Кичево, Долнени, Чаир, Боговиње, Теарце, и Арачиново, рече Ахмети

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива победија во Гостивар и Врапчиште. Старо – новиот градоначалник Арбен Таравари истакна дека противкандидатот од ДУИ брутално во Гостивар го победиле со ралика од 5000 гласа. Изрази надеж дека ќе започнат преговори за нова влада.

Партиите од Албанскиот политички блок победија и во Желино, каде нов мандат доби актуелниот прв човек на општината Блерим Сејдиу од Беса, а и во Студеничани кандидатот со ДПА Азем Садики со уште еден мандат.

Во Општина Дебар каде имаше прегласување од првиот круг ќе се гласа уште еднаш. Силите таму ќе си ги одмерат кандидатите од ДУИ и коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.