ВМРО-ДПМНЕ: Наместо инвестиции Заевци редеа тендери во РЕК, сега увезуваме 5 пати поскапа струја

0
17

Наместо инвестиции Заевци редеа тендери во РЕК, сега увезуваме 5 пати поскапа струја.

Само во изминативе недела дена државата увезе струја во висина од 9 милиони евра, истата таа струја доколку се произведуваше во домашните капацитети ќе се произведеше за скоро 5 пати пониска цена.

Од домашните капацитети не се произведува затоа што наместо за инвестиции во РЕК, за нова механизација и машини Заевци преку владата даваа пари за рентање на камиони со струмички таблици и машини од фирми блиски на Вице.

И сега кога ЕЛЕМ и МЕПСО од фирми со добивка ги направија загубари, ги оставија и без јаглен електраните, а хидроакумулациите ги испразнија увезуваат скапа струја и скап јаглен.

СДСМ нема план како да ја извлече државата од енергетска криза, со нив само тонеме. Затоа СДСМ треба да си замине.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ