Дива свиња уби ловџија во неготинско

0
22

50-годишен жител на неготинското село Долни Дисан починал денеска откако го нападнала дива свиња кон која пукал, но не ја погодил, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.

– Во СВР Велес е пријавено дека околу 8 часот во близина на селото Вешје-Неготино, при лов на диви свињи, Т.Т. (1971) од село Долни Дисан, испукал еден куршум кон дива свиња, но не успеал да ја погоди, пo што таа го нападнала нанесувајќи му повреди, по што тој починал на лице место, велат од МВР.

Извршен е увид на местото на настанот, додаваат од полицијата