Заев: Денес се сеќаваме на херојството на борците и цивилното население кои се бореа за Скопје

0
31

Денеска го одбележуваме 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје. Ден кога пред 77 години борците од 42. и 50. Народноослободителна дивизија и 16. Македонска бригада, како и од другите партизански единици, станаа дел од завршните операции за ослободување од фашистичката окупација и за остварување на сонот за сопствена и самостојна држава, со Скопје како нејзин главен град, напиша премиерот Зоран Заев на „Фејсбук“.

Ова, како што посочува Заев, е ден кога се сеќаваме на херојството, кога им се поклонуваме на жртвите, борците и на цивилното население кое заедно со партизаните се бореа за секоја улица на нашиот град, и се сеќаваме на радоста на скопјани и на ослободителите на развиеното знаме на слободата на тогашниот Офицерски дом.