Османи: Ахмети ќе разговара со сите освен со деструктивните партии

0
24

По состанокот на Генералниот совет на партијата, портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, во изјава за медиумите истакна дека по новонастанатата политичка ситуација мора да се одреди курсот на иднината на оваа држава.

Османи изјави дека сега е многу важно да се донесе одлука со која ќе се врати стабилноста во земјата, и дека претседателот на Дуи,Али Ахмети ќе разговара со сите, освен со оние кои се против Албанците.

-Сега мора да се одреди курсот на иднината на оваа земја. Сега е важно да се донесе одлука која ќе ја врати стабилноста на земјата. ДУИ е тука која во овие политички игри секогаш знае да го одржи интересот на државата. Граѓаните да бидат мирни бидејќи Али Ахмети ќе ја одржува безбедноста во државата, изјави Османи.

Портпаролот на Демократската Унија за Интеграција, Османи, истакна дека за ДУИ, евроатлантскиот курс на Северна Македонија нема алтернатива.

Османи додаде дека Генералниот совет на партијата едногласно го овластил претседателот Али Ахмети да продолжи со разговорите со сите политички партии за одржување на евроатлантскиот курс на земјата, се разбира освен оние кои се во директен судир со интересите на граѓаните со евроатлантски вредности. Значи, овие разговори ќе продолжи да ги води претседателот Ахмети.