Осумдесет и тригодишен гостиварец пронајден мртов во неговиот дом со повреди на главата

0
37

Во Гостивар, во неговиот дом бил пронајден починат Ќ.С.(83) со повреда на главата.

Како што соопшти МВР, случајот денеска во 15.15 часот го пријавил М.С.(32) од Гостивар внук на починатиот.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гостивар и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е дадено на обдукција.