При судир на автомобил и локомотива повредени се две деца

0
22

Деца од 2 и 5 години утрово се тешко повредени при судир на локомотива со автомобил на железнички премин во Битола. Несреќата се случила во непосредна близина на ОУ „Коле Канински”.

Децата завршија во болница, а нивната мајка која управувала со автомобилот има лесни повреди, но не е хоспиталзирана. Од полицијата велат дека несреќата кај нив е пријавена во 8 часот. Се истражуваат причините за несреќата.