Реџепи – Зејд ја прифати понудата на ВМРО-ДПМНЕ, но се калкулира со рокот за гласање на недоверба на владата

0
21

Пратеникот на Алтернатива Скендер Реџепи Зејд во телефонска изјава за ТВ 24 вели дека начално ја прифаќа понудата на Мицевски.

-Начелно  Го прифаќам предлогот на координаторот на ВМРО ДПМНЕ Никола Мицевски за нова иницијатива без потписите на Левица.Сепак во текот на утрешниот ден Алтернатива ќе донесе заеднички и конечен став. Јас реков дека нема да стојам на ист предлог со Левица и така ќе биде”, изјави за ТВ 24 Реџепи Зејд

Ставот на Зејд доаѓа откако Мицевски преку фејсбук му понуди да извере 19 пратеника за ново барање за доверба на Владата.

– Колега Скендер Реџепи, да го сочуваме достоинството на пратениците и затоа Ве повикувам заедно да ставиме крај на газењето на пратениците од страна на хибридниот режим и согласно член 92 од Уставот, изберете 19 пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кои заедно со вас ќе поднесат нова иницијатива до Собранието за гласање на недоверба на владата на хибридниот режим СДСМ-ДУИ, напиша Мицевски на фејсбук.

Дали нова инивијатива ќе значи и нов термин за седница засега е неизвесно, бидејќи според роковите седницата се закажува најдоцна третиот од поднесувањето.