Телма: Премиерот Заев ќе ја официјализира оставката кон крајот на годината

0
25

Премиерот Зоран Заев ќе ја официјализира својата оставка како премиер кон крајот на годината, објави „Телма“.

Причина за ова било притисокот на коалиционите партнери кои не успеале да го предомислат, но му предложиле и тој начелно прифатил, официјално оставката да ја поднесе кон крајот на годината или на почетокот на јануари.

Причина за тоа, вели изворот на Телма, се и надежите кои им ги соопштил премиерот, за решавање на спорот со Бугарија и можна меѓувладина конференција со ЕУ на средината на декември

Исто така до крајот на годината имало шанса Бугарија да се предомисли и да се почне со процесот на преговорите за членството во ЕУ.