18 отсто од починатите во последните три месеци биле вакцинирани

0
17

Во периодот од 6 август заклучно со 4 ноември регистрирани се 48.955 новозаболени од кои 13.886 лица или 28 отсто биле вакцинирани, информираше министерството за здравство

Министерството за здравство денеска ја објави анализата на соодносот меѓу вакцинирани и невакцинирани кога станува збор за новозаболени, хоспитализирани и смртни случаи а се однесува на периодот од 6 август заклучно со вчера. Од здравство нагласуваат дека за вакцинирани се сметаат граѓаните кои примиле две дози вакцина и поминале 14 дена од нивната ревакцинација.

Во овој период регистрирани се 1.688 смртни случаи како последица на компликации предизвикани од Ковид -19, а посред официјалните податоци на здравство, 1.376 пациенти не биле вакцинирани а 18 отсто или 312 пациенти починале и покрај тоа што примиле вакцина. Од министерствот нагласуваат дека починатите имале повеќе хронични заболувања.

Кога станува збор за вкупниот број на нови случаи во анализираниот период28 отсто од нив биле целосно вакцинирани.

„Во период од 06.08 до 04.11.2021 на територија на државата 48.955 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 28% биле целосно вакцинирани, односно 13.886 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистика за изминативе два месеци, 35.069, граѓани, односно 72% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани“, стои во анализата на здравствените власти.

Соодноснот меѓу невакцинирани и вакцинирани кога станува збор за хоспитализации е 4 наспрема 1.

„Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 78%, додека само 22% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани“, појаснуваат од задрство.

Според официјалните подацоти на здравствените власти, заклучно со 3 ноември вакцинирани се 807.528 граѓани од кои 778.482 се целосно вакцинирани односно ги примиле двете дози. Досега трета доза вакцина примиле 38.719 граѓани. Процентуално гледано, опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 37% од популацијата во државата примила две дози вакцина