Тетовци жедни покрај Шара и со два водоводи, новиот вододоснабдителен систем ризичен и со чести дефекти

0
42
Дефект на новата водоводна линија на Лешница, ги остави тетовци без вода за пиење. Од Јавното Комунално Претпријатие Тетово велат дека се до негово санирање, градот ќе се соочува со седумчасовни рестрикции. Но дел од граѓаните се жалат на целодневни прекини во водоснабдувањето.   

 Тетовци жедни покрај Шара и со два водоводи. Веќе четврти ден граѓаните полнат резерви во шишиња и буриња. Во некои населби, од чешмите не протекува вода во текот на целиот ден.

-Ова е катастрофа, треба централните власти да го земат ова прашање во свои раце. Соопштија од ЈКП Тетово дека ќе има седумчасовни рестрицкии, но не се седум часа, цел ден немаме вода. Како ќе пуштиш машина за перење, како ќе измиеш садови, како ќе одржуваш лична хигиена, вели една жителка на Тетово.

Од ЈКП Тетово, велат дека рестрикциите во водоснабдувањето се неминовни, поради дефект на главната водоводна линија во Лешница. Се работи за непристапен терен на Шара, каде има и над половина метар снег. Но екипите се на терен, работат на санација и се очекува деновиве да се нормализира водоснабдувањето во градот.

-Се работи за непристапен терен. Ни требаше ден до два да го откриеме дефектот, па потоа да направиме  прооден пад за да го однесеме материјалот за санаиција, оти се работи за место со над половина метар снег. Денеска се носи материјалот и се очекува деновиве да се санира дефектот и граѓаните да имаат вода за пиење во текот на целиот ден, рече Љулзим Шаќири, од секцијата водовод и канализација при ЈКП Тетово.

Моментално градот со вода се снабдува од стариот водовод, а во функција се пуштени и бунарите. Водата во градскиот резервоар достигнува до 200 литри во секунда, што не е доволно да ги задоволи потребите на градот, поради нефункционалноста на новиот водовод.

Но, ова не е прв пат да се појави дефект на водоводната линија во Лешница. Веќе неколку пати во оваа месност, избиваат цефки, па тетовци со денови остануваат без капка вода.

Целата нова водоводна линија во Лешница во должина од околу 26 километри е во ризик од постојани дефекти