Хрватска и Косово потпишаа договор за обучување на војската

0
49

Баножиќ потпиша денес во Приштина договор со министерот за одбрана на Косово Арменд Мехај.

 

Тие потпишаа Меморандум за разбирање на Хрватска и Косово.

Баножиќ кажа дека неговата земја ќе му помогне на Косово да се придружи на НАТО и други институции, јавуваат косовските медиуми.

„Почнавме соработка и партнерството ќе послужи за продлабочување на соработката во различни области. Хрватска може да му понуди помош на Косово и да го поддржи членството на Косово во евроатлантските институции“, кажа тој.

Хрватскиот министер најави и помош во обуката и едукацијата на припадниците на Косовските безбедносни сили (КБС).

„Го поддржуваме процесот на трансформација на КБС во оружени сили. Нудиме помош во областа на обуката и образованието. Сакаме да имаме понатамошна соработка и размена на знаења меѓу нашите сили“, кажа хрватскиот министер.