Во живо може да го следите судењето на Ѓоковиќ

0
50

Новак Ѓоковиќ е во исчекување на одлуката на Судот во Мелбурн, дали конечно ќе добие дозвола за влез во Австралија, а со тоа и шанса за учество на Австралија опен.

Најдобриот тенисер во светот веќе неколку дена е во карантин, сместен во хотел во кој ги сместуваат мигрантите и не смее да има контакт со никого. Австралиските власти судењето на Ѓоковиќ го закажаа во понеделник во 10 часот наутро по локално време.

По македонско време тоа значи дека судењето ќе започне точно на полноќ, а овозможено е сите заинтересирани во живо да го следат процесот. Ова е ЛИНКОТ на кој ќе може во живо да се следи судењето на Ѓоковиќ.