Мицкоски: Очекувам Маричиќ да го советува Петков да не се меша во македонските внатрешни работи

0
17

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во Телевизија 24, во врска со доаѓањето на претседателот на Бугарија Кирил Петков и изјавите на новиот вицепремиер Бојан Маричиќ, истакна дека очекува Маричиќ да го советува Петков по истиот принцип да не се меша во внатрешните права на малцинствата во Македонија.

Сигурно ќе го советува, очекувам Маричиќ да го советува Петков и тој да не се меша во македонските внатрешни работи да бара уставни измени коишто би ги опфатиле малубројните македонски Бугари, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека од официјална Софија е пристигнат предлог за формирање на пет комисии коишто ќе разговараат за различни теми кои се во суштина пресликување и разложување на Резолуцијата која што е донесена во бугарскиот парламент само во пет дела.

-Суштината е дека Резолуцијата на Бугарскиот парламент од ноември 2019 година е разложена во овие пет комисии, од кои суштинска е петтата комисија за историски прашања и претпоставувам дека текот на разговорите, со првата ќе бидеме блиску до решение, за втората веќе ќе се договориме не гледам пречка да не е така кога станува збор за научна соработка, за инфраструктурата ќе се договориме никој не е против , за четвртата ќе бидеме блиску, а за петтата ќе бидеме на почеток, но целиот тој пакет да биде дел од преговарачката рамка, и тогаш ќе заврши целокупниот процес на преговарање за историските факти бидејќи ако сето тоа влезе во преговарачката рамка тоа веќе не е билатерален проблем тогаш веќе ќе стане наш проблем со Европската унија, објасни Мицкоски.