СДСМ: Камиказа призна дека зел 14.000 евра за новогодишното озвучување, Градот Скопје тврди дека не платиле ништо

0
40

Новогодишната ноќ скопјани ја дочекаа на плоштад со настап на македонски групи и пејачи, но откако беше откажана организацијата и украсувањето од страна на градот, владејачката партија СДСМ обвини дека противкаднидатот за локалните избори Петар георгиевски Камиказа, преку својата фирма, наплатил 14.000 евра за озвучувањето.

– Коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ и на Арсовска, Петар Георгиевски Камиказа, преку статус призна дека ангажманот на неговата фирма КЛС за озвучување на новогодишната прослава чинел 14.000 евра. Наместо да се крие зад штури соопштенија, Данела Арсовска треба да излезе пред граѓаните и да каже кој платил за ангажманот на Камиказа – велат декенска од партијата.

Од Град Скопје пак, велат и дека буџетот бил лошо раководен од претходното раководство, па така реагираат дека само за 2020 година биле планирани околу 140 илјади евра за настап на две групи, една од Косово и една од земјава.

– Концептот на прослава на Нова година со македонски изведувачи се покажа како успешен. Овој концепт ќе биде дел од следните новогодишни прослави, со целодневна програма и со значително помалку средства од што досега биле користени од градскиот буџет за оваа намена, се вели во реакцијата на Град Скопје во врска со организацијата за прослава на новогодишната ноќ на плоштадот во главниот град – велат од Градот.

Од СДСМ претходно обвинија дека фирма на Петар Георгиевски Камиказа го обезбедила озвучувањето за новогодишната прослава, а од Град Скопје реагираа да престанат вакците напади, за како што велат, „настани кои немаат никакви финансиски импликации на работата на градот“.

– Оваа година токму поради потрошениот буџет од претходното раководство и лошото планирање, Градот Скопје беше ставен пред голем предизвик дали воопшто ќе може да се организира прослава за новогодишната ноќ. Прославата беше овозможена поради активирањето на неколку општествено одговорни компании што се понудија да ја организираат манифестацијата. Средствата за дочекот се директно платени на изведувачите и Градот Скопје нема никакви финансиски импликации од новогодишната прослава на градскиот плоштад – се вели во реакцијата.