Бизнисмените ќе иницираат промени во Законот за недела

0
18

Бизнисмените не се откажуваат од намерата да ја предомислат владата и во недела да ги вратат работниците на работа. Од Стопанската комора на Македонија велат дека не се само работодавачите тие кои што сакаат да работат во неделите, туку за повисока дневница многу од вработените самите ќе се пријават да одат на работа во недела. Стопанствениците се пожалија во име на работниците дека им е прекршено уставното право да работат.

„Законот различно го вреднува и трудот на работниците во секторот на трговија наспроти другите сектори, од аспект што додатокот на плата за работа на вработените во трговија кои работат во недела  изнесува 100% додека вработените во другите сектори изнесува 50 проценти повеќе“, рече Васко Ристовски – Стопанска комора.

Од Стопанската комора предлагаат да се врати четирисменското работно време со задолжителен слободен ден  за работниците кои ќе работат неделите. Но имаат и дополнителен предлог, да им биде овозможено по сопствена волја газдите да одлучат дали ќе работат во недела или не. Тие што ќе ги отворат дуќаните и формите на ангажираните работници да им исплатат повисока дневница и да им следува слободен ден идната недела.

„Да се предвиде дека неделата  е ден на неделен одмор, меѓутоа да нема таксативно наведување на дејностите, туку да се овозможи тие што сакаат да работат со пријава до испекторатот за труд да работат и да платат додаток на плата“, изјави Орде Ѓеорѓиески – Стопанска комора.

Од Стопанската комора веднаш по стапувањето на сика на законот за недела неработен ден го оспорија  законското решение пред уставниот суд. Две недели потоа, по средбата со новиот премиер Димитар Ковачевски, бизнисмените се премислија и рекоа дека ќе ја повлечат иницијативата за оценување на уставноста, но со услов да се донесе нов подобар закон.

Од владата пак, најавија дека е можна корекција на законот. Во меѓувреме синдикатите остануваат на ставот дека во недела работниците треба да одмораат и нема да се откажат во заложбата да бидат намалени секторите кои сега имаат право да работат.