Жена нападната од нејзиниот сопруг на работното место

0
20

Жена од скопско била физички нападната од нејзиниот брачен партнер, додека била на работното место во хотел, соопшти полицијата.

„На 17.02.2022 во 10.50 часот во Полициското одделение Петровец, 51-годишна жена од скопско село пријавила дека на 15.02.2022 во 08.33 часот, додека ги извршувала своите работни задачи како вработена во хотел во скопско, дошол нејзиниот брачен партнер Џ.К.(57) и физички ја нападнал“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.