Путин: Ситуацијата е сѐ полоша

0
24

На прес-конференцијата со Александар Лукашенко, Владимир Путин рече дека „ситуацијата во источна Украина се влошува“ и го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да почне да преговара со украинските сепаратисти поддржани од Русија.

Тој им порача на властите во Киев да почнат преговори со сепаратистичките лидери.

„Сè што треба да направи Киев е да седне на преговарачка маса со претставниците на Донбас и да договори политички, воени и економски мерки за ставање крај на конфликтот“, рече Путин.

„За жал, во моментов гледаме влошување на ситуацијата во Донбас“, додаде тој.

Путин постојано порачуваше дека Москва сака Киев да ги спроведе договорите од Минск од 2015 година, договор за прекин на огнот што е единствената постоечка рамка за ставање крај на војната во источна Украина, вели Москва тајмс.

Рускиот претседател на прес-конференцијата во Москва заедно со белорускиот лидер Александар Лукашенко им рече на новинарите дека е подготвен да разговара со западните лидери за кризата во Украина, но повторно ги обвини дека „ги игнорираат руските безбедносни барања“ и предупреди дека „секој договор мора да содржи правно обврзувачка гаранција дека НАТО ќе престане да се шири кон исток“.

Тој ги отфрли заканите за западни санкции, велејќи дека „Америка и нејзините сојузници секогаш ќе најдат причина да му воведат финансиски санкции“ на неговиот режим.

Без да даде докази, Путин на прес-конференцијата изнесе обвиненија за „масовно и систематско кршење на човековите права и дискриминација“ на руското население во Украина.