И Северна Македонија ќе учествува во санкциите против Русија, вели Османи

0
35

Министерот за надворешни работи Бујар Османи синоќа во емисијата „200“ на телевизија Алсат рече дека конфликтот меѓу Украина и Русија нѐ наоѓа во поинаква ситуација, бидејќи сме членка на НАТО.

Османи додаде дека и Северна Македонија ќе биде дел од санкциите на ЕУ против Русија.

Шефот на дипломатијата рече дека од конфликт меѓу Русија и Украина требало да се стравува уште пред две години, уште откога станавме дел од НАТО. Тој исто така нагласи дека во случај на конфликт во Европа, тоа ќе ги засегне гасот и нафтата, односно ќе доведе до нови поскапувања.

„Руско-украинскиот конфликт ќе влијае на импликацијата на гасот и нафтата и во Европа ќе има зголемување на цените. Исто така, сакам да додадам дека ние како држава сме дел од санкциите на ЕУ кон Русија и 100% сме во хармонизација со Европската Унија“, рече Османи.