Мајка на средношколец кршела предмети во тетовско училиште

0
22

Неофицијално дознаваме дека станува збор за мајка на ученик кој го посетува средното училиште каде се случил инцидентот 

Вчера (14 февруари) околу 13 часот и 15 минути, полициски службеници на СВР Тетово ја лишиле од слобода 39-годишната Д.К.Ш. од Тетово, која претходно оштетила повеќе предмети во службена просторија на образовна институција во Тетово.

Неофицијално дознаваме дека станува збор за мајка на ученик кој го посетува средното училиште каде се случил инцидентот.

Се расчистува и документира случајот и против пријавената ќе следува соодветен поднесок.