Нема договор за растот на минималната плата

0
37

Синдикалците и работодавачите по три часа средба со владините претставници не постигнаа договор за тоа колку треба да биде зголемена минималната плата. Нова средба најавија во петок на социо-економскиот совет. Вицепремиерот Фатмир Битиќи вели дека сите се согласни минималецот да расте, но додека траат преговорите не може да се калкулира со растот на минималецот.

„Дијалогот ќе продолжи во петок после 16 часот и уверувам дека сите граѓани кои се категорија на приматели на минималната плата дека наскоро ќе имаат консензус околу нивните зголемени минимални плати“, изјави Фатмир- Битиќи- Вицепремиер задолжен за економски прашања.

За работодавачите потребни се измени во методологијата за пресметка на минималната плата. Нивниот став е дека во време на криза работодавачите не можат да поднесат исплата на минималец од 18 илјади денари.

„Излеговме со наши предлози меѓутоа очекуваме до службите на Владата да направат анализи, и дури тогаш ќе можеме да збориме за конкретни чекори, бројки и конкретни износи“, нагласи Владанка Трајкоска- Претседателка на организација на работодавачи.
Синдикалците не се согласни за ваква методологија, бидејќи според нив зголемувањето ќе биде минимално.

„Ќе мора да ги прашате орагнизација на работодавачи зошто во пет до дванаесет дадоа измислено предлог решение со една цел за да купат време за до петок“, рече Дарко Димовски- Претседател на ССМ.

Минималната плата во моментов изнесува 15.200 денари со последното мартовско усогласување минатата година.