Руска телевизија објави карта на „формирањето на границите“ Украина (ФОТО)

0
49

Санкции најавуваат и бројни други западни земји. Рускиот претседател Владимир Путин кажа дека е отворен за дијалог околу Украина, но дека нема да преговара за руските интереси.

На социјалните мрежи денес се прошири слика од картата на Украина која по говорот на Путин во кој го оправдуваше признавањето на двата бунтовнички проруски региони на истокот на Украина ја објави руската државна телевизија. На картата со жолта боја е означена „Украина“, а останатите делови се означени како „подарени територии“ од страна на руските цареви, Сталин, Ленин и Хрушчов.