Руски портпарол: Киев го држат разбојници, крадци и националисти

0
40

Руската армија објави дека цивилите можат слободно да го напуштат Киев, обвинувајќи ги украинските власти дека ги користат како жив штит.

„Сите цивили можат слободно да го напуштат градот на автопатот Киев-Василков, југозападно од главниот град“, изјави на телевизија портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.

„Градот е во рацете на разбојници, крадци и националисти“

Тој ги обвини властите во Киев дека ги убедуваат цивилите да останат за да служат како жив штит во судирот со руската армија. Според него, градот е во рацете на разбојници, крадци и националисти.

Москва засега официјално не најави офанзива на главниот град на Украина, но украинските сили веќе неколку дена се спротивставуваат на руските упади од север и североисток, од територијата на соседна Белорусија.

Конашенков вели дека Москва ја контролира зоната околу нуклеарната централа Запорожје
Во своето обраќање Конашенков укажа и на воздушната надмоќ над цела Украина по уништувањето на Бук М1, С-300 и пет борбени авиони.

Тој ја потврди окупацијата на Бердјанск на југот на Украина и додаде дека Москва целосно ја контролира зоната околу нуклеарната централа во Запорожје. Нуклеарниот персонал, рече тој, ја врши својата работа за одржување и контрола на централата. Во источна Украина, проруските сили напреднаа дополнителни 19 километри, рече Конашенков.