Касами ќе го дуздисува Тетово по турски урнек

0
39

Искуствата на турскиот град Коња со водоснабдувањето и одржувањето на комуналната хигиена ќе се искористат во Тетово, информираа денес од општинската администрација. Градоначалникот Биљал Касами денес ги прими претставниците на градските власти во Коња.

– На средбата главно разговаравме околу работењето на Јавното комунално претпријатие, нивните потреби, како и потребите на граѓаните во однос на управувањето со отпадот во градот. Подобрувањето на водоснабдителниот систем , исто така беше тема на нашиот разговор- децениски проблем кој треба еднаш засекогаш да се реши. Исто така, ги известуваме граѓаните дека наскоро, како донација од Коња, во нашиот град ќе пристигнат 100 контејнери, кои ќе послужат за поефикасно управување со отпадот и почисто Тетово, инфомираа од Општина Тетово.

Коња е град во централна Анадолија во Турција со над еден милион жители.

СП