Амбасадорката Брнс на отворање на правна клиника на Универзитетот во Тетово

0
19
Непочитувањето на правото предизвикува војни и страдење на населените, како што е во случајот со Украина потенцираше Амбасадорката на САД во Македонија Кејт Мери Брнс. Таа учествуваше на  отворање на правната клиника на Универзитетот во Тетово каде како што потенцираше студентите преку практични вештини  ќе научат на вистински начин да го спроведуваат правото на дело, за безбедна иднина на сите нас.На правната клиника  судии и обвинители ќе држат обука на тетовските студенти

 

Младите се наша надеж, а вложувањето во нивното знаење за вистинско спроведување на правото во праска, ќе ни донесе мир и стабилност, порача Амбасадорката на САД Кејт Мери Брнс.

Правната клиника каде што идните правници ќе можат теоретската обука со практичното искуство  да го вградат во своето образование е вистинската инвестиција. Без владеење на правото нема стабилни региони, а тоа се потврдува и со руската агресија во Украина.

-Се соочуваме со многу тежок момент кога Русите продолжуваат со бруталната агресија во Украина. Ова е важен момент за демократијата, и демократиите ширум светот се здружија, САД стојат заедно со Северна Македонија заедно со другите сојузници и партнери за да се борат за демократија и се за што се залагаме. А основата на сето ова е владеењето на правото. Така, дури и да изгледа мал настан, навистина е важен чекор затоа што претставува инвестиција во таков систем. Систем што е одговор на луѓето, на потребите на луѓето, на вредностите на луѓето и сето она за што се борат. Со оваа клиника даваме изјава за иднината, инвестирање на вистинското место и мир, Изјави Кејт Мери Брнс Амбасадор на САД во Македонија

Правната клиника е финансирана од САД каде што практичната обука на студентите, ќе ја спроведуваат луѓе од судството.

Деканот на правните факултет, смета дека има чесни и морални луѓе во судството, а тие ќе бидат вклучени во работата на правната клиника.

Обврска на правната клиника додаде Авзиу, е од нашиот факултет да излезат морални правници со цврсти и етички карактерни особини.