Бајден: Путин мислеше дека ќе го подели НАТО

0
22

Претседателот на САД  Џо Бајден мисли дека рускиот лидер Владимир Путин бил изненаден кога открил дека не успеал да ги подели сојузниците на НАТО во нивната реакција на неговата инвазија на Украина.

Со руската инвазија врз Украина Путин мислеше дека ќе го подели НАТО, порача од Варшава американскиот претседател Џо Бајден на крајот од неговата европска турнеја, во рамки на која присуствуваше и на самитите на ЕУ, НАТО и на Г7.

Бајден ѝ се заблагодари на Полска за товарот кој го презеде со приемот на воените бегалци од Украина, чија бројка е над два милиони .

-Уверен сум дека Владимир Путин сметаше на тоа да може да го подели НАТО, да може да го одвои источното од западното, да може да ги одвои нациите врз основа на минатите истории. Но, тој не можеше да го направи тоа – сите останавме заедно.