Државните институции ќе бидат ограничени на 5% нови вработувања годишно

0
27

Вака ресорниот министер Адмирим Алити ќе ја започне борбата со гломазната администрација но трајно решение, вели, се уште се бара.

Најновиот извештај вели дека во 2021 година имало 132.088 вработени во јавниот сектор – 905 лица повеќе од годината претходно.

Алити кажа дека засега не се размислува за законски измени со кои би се префрлиле работници од јавниот во приватниот сектор, но не ја ни исклучува оваа опција.

Најголем дел од вработените, 33%, се во образовните институции, па потоа здравството и јавната управа. 73,5% од вработените се Македонци а нешто над 20% се Албанци.

Mинистерот додаде и дека во априлските плати нема да има сума пониска од минималната која со новите измени е 18.000 денари.