РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ СЕ ДОБРЕДОЈДЕНИ ВО ТУРЦИЈА: Чавушоглу ги покани, но предупреди дека нивните бизниси мора легално да ги работат

0
38

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Вуавушоглу изјави дека руските олигарси се добредојдени во неговата земја, но дека мора да го почитуваат меѓународното право доколку имаат намера да се вклучат во нивните разработени бизниси, пренесува Reuters.

– Доколку руските олигарси или било кој руски државјанин сакаат да ја посетат Русија, секако дека можат да го направат тоа. Олигарсите можат да прават бизнис во Турција, само ако се е легално и тогаш можеме да разговараме во таа насока. Ако тоа е спротивно на меѓународното право, тогаш тоа е друга приказна – рече Чавушоглу на форумот во Доха, во Катар. Западните влади воведоа санкции против Абрамович и неколку милијардери поврзани со Путин.