Советничките групи скептични за целосна реализација на Иницијативата за градски парк во Тетово

0
23

Голема подршка од јавноста на Иницијативата Тетово сака парк која преку петиција собра и над 3000 потписи, но советниците на Општина Тетово на јавна трибина не изразија голем оптимизам дека целата идеја ќе се преточи на дело. Од иницијативата оценија дека институциите треба да го гледаат исклучиво јавниот интерес и да се борат за доброто на граѓаните за чиста и здрава животна средина.

 Советничките групи речиси едногласно со став дека имотно – правните односи и бирократските процедури ќе бидат голема пречка, целата предложена површина на Иницијативата да биде пренаменета во градски парк.

Претседателот на советот Бесар Дурмиши смета дека ќе треба да поминат децении додека се заврши експропријацијата на дел од парцелите предложени за нов градски парк, кои сега се во приватна сопственост.

Сепак идејата ја поздравуваме и ја подржиме за тие парцели кои во во општинска сопственост, за останатиот дел ќе требаат анализи и уште средби.

Дел од советниците сметаат дека Иницијативата за нов градски парк треба да се реализира, но етапно и просторот кој е во општинска сопственост, веднаш да започне да се уредува.

Приватната сопственост не треба да биде пречка, ако се земе во предвид фактот дека таа е само 16 % од целата површина, велат од Иницијативата Тетово сака парк.

Ако се има волја не треба да се има изговори, а гледаме дека на нашето прво соочување, советниците преферираат да ги гледаат пречките, а не и предностите.

Имено ова се површините предложени за нов но и единствен градкси парк во Тетово.Се работи за четири парцели од околу 20 хектари на источната страна од градот кој ги опфаќа поранешните фабрики Шик Јелак, Монопол како и сегашниот Жена парк и некогашниот спортски центар.