Флуент: За 7 и 8 март на место поклони, купувајте по една книга

0
46

Центарот за неформално образование во Тетово „Флуент“ покрена иницијатива за празниците 7 и 8 март, идеја која треба да ја поддржат сите образовни институции. Не купувајте цвеќиња и подароци за наставниците, туку купувајте по една  книга. Купувањето подароци за наставниците создава и нееднаквост меѓу учениците и нивните родители. Во овој случај самите наставници треба да бидат тие што ќе одбијат подароци и ќе ги ориентираат учениците кон купување книги особено на овој празник.

Во ова време на економска, социјална, здравствена криза, ваква акција на „Флуент“ е добредојдена, велат родителите кои се чувствуваат засрамени пред своите деца кои бараат средства за скапи подароци. Наставниците, од друга страна, ги надминуваат етичките норми кога ги прикажуваат подароците од учениците во нивната „Сторје“ на социјалните мрежи.