Падна Фејсбук: Корисниците ширум светот се жалат дека не можат да пристапат ни на Инстаграм

0
104

Социјалната мрежа Фејсбук падна вечерва во некои делови од светот. Многу корисници пријавуваат дека имаат проблем со користење на Фејсбук , а некои од нив немаат Инстаграм или Месинџер.

Корисниците пријавуваат проблеми со пораките и додаваат дека не можат да објавуваат содржина на нивните профили.

DownDetector изјави дека имало повеќе од 2.900 пријави за проблеми со Фејсбук во 19:55 часот.

Најголем дел од проблемите – 47 отсто биле пријавени на страницата на Фејсбук, додека 43 отсто биле во апликацијата.