Борисов им нуди на Украинците кондоми како заштитни средства

0
38

Претседателот на опоизициската партија ГЕРБ и поранешен премиер на Бугарија, Бојко Борисов со уште еден „бисер“.

Три-четири дена министерот за надворешни работи на Украина, господинот Кулеба, шета низ парламентот како сирак“, изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов на прес-конференција во седиштето на партијата.

Со оваа изјава тој ги критикувал пратениците кои не го поканиле украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба да зборува од говорницата на Народното собрание при неговата посета на Бугарија.

„Пратениците денеска се занимаваа со сè друго, но не и со она што е важно за Бугарите“, додаде Борисов, критикувајќи повторно – овојпат за нереализираните нацрт-одлуки за воена помош за Украина:

„Денеска беа предадени за 30 сребреници, на Велики четврток.

Поранешниот премиер го коментирал и предлогот за техничка помош за Украина:

„Не можам да разберам што значи техничка помош со заштитна опрема, заштитна опрема се и кондомите.“ , рече Борисов , пренесуваат бугарските медиуми.