Загина украински фоторепортер, татко на четири деца, а телото е најдено кај Киев

0
22

Пронајдено e телото на 40 годишниот Макс Левин, фоторепортер кој загинал во близина на украинскиот главен град Киев. Левин, татко на четири деца, работел со украински и меѓународни медиуми.

Тој исчезнал на 13 март додека бил на задача. Неговото тело е пронајдено на 1 април во близина на селото Хута-Межихирска.  Тој бил со друг новинар, Алексеј Чернишов. Засега не се знае каде е Чернишов. Во 2014 година,  Левин успеа да побегне од источна Украина каде што беа убиени стотици украински војници.

Ова не е прв ваков случај. Досега во војната загинаа повеќе новинари и медиумски работници.