Макрадули разрешен од функцијата генерален директор на АД Пошта

0
30

Владата го разреши Јани Макрадули  од позицијата директор на АД Пошти. Од таму за Телма велат дека овој потег е дел од кадорвските смени. На негово место доаѓа Васко Стефанов, кој досега беше директор на АД „Водостопанство“. Макрадули за Телма кусо искоментира дека не знае кои се причините за неговото разрешување, кој беше поставен на оваа функција од ноември 2020-та.

Телма дознава дека Претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Грашкоска ќе биде назначена на функцијата Директор на Фонд за здравствствено осигурување. (ФЗО). На нејзино место доаѓа Даниела Рендевска, досегашен генерален секретар на Инспекцискиот Совет.