ПОВЕЌЕДЕЦЕНИСКИТЕ ДРВА НА СТРАШО ПИНЏУР ЗАМИНАА ВО ИСТОРИЈАТА

0
25

По повеќе масечна пауза продолжи реконструкцијата на улицата Страшо Пинџур во Тетово. Но механизацијата утринава го откорна дрворедот долж тротоарот, на што наиде на остра реакција од еколошките организации. Во недостиг на зеленило во градот велат, се сечат и тие дрва кои останаа. Општината се правда дека таков бил проектот, со ветување дека ќе се засадат нови.

Повеќедецениските раскошни дрва долж улицата Страшо Пинџир заминаа во историјата. Општината одлучила тие да не бидат дел од новиот реконструиран пат, кој како што рекоа ќе биде најмодерен во градот.

Еко активистите додека градоначачалникот Биљал Касами вршеше увид на градежните активности, побараа одоговорност за уништувањето на зеленилото и стопирање на сечата на дрвата на останиот дел од улицата.

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами, вели дека ќе се засадат нови дрва, согласно новиот проект. Според него непотребно се создава амбиент, дека општината уништива зеленило.

Дрворедот на делницата Страши Пинџур беше еден од ретките во градот, кој од година вгодина  се повеќе се бетонизира и асфалтира .