Путин: Немавме избор, моравме да ја нападнеме Украина

0
20

Рускиот претседател Владимир Путин денес на прес-конференција кажа дека целите на руската операција во Украина „несомнено ќе бидат остварени“. Тие цели ги нарече „благородни“, јавуваат руските агенции.

 

Путин додаде дека Москва „морала да ја почне воената операција за да ја заштити Русија“, истакнувајќи дека „немала друг избор“.

„Судирот со антируските сили беше неизбежен и само беше прашање на време“, кажа Путин.

Рускиот претседател кажа и дека Русија не планира да се изолира од остатокот од светот, додавајќи дека руските сили во Украина се однесуваат „храбро и ефикасно“.

Тој истакна дека „Русија повеќе не можела да го толерира геноцидот кој се спроведувал против луѓето кои зборуваат руски јазик во Донбас“.