Радев: Не ни помислувајте Бугарите во Македонија да ги викате „малцинство“

0
26

Бугарскиот претседател Румен Радев ја предупреди Владата да не помислуваат Бугарите во земјата да ги нарекуваат „малцинство“. Иако само околу 3500 лица се изјаснија како Бугари на пописот – и покрај издавањето на стотина илјади бугарски пасоши – Софија не се откажува од планот да врши политичко влијание врз Македонија преку ова прашање.

Сакам исто така да ги повикам надворешно политичките советници на премиерот во никаков случај да не ги квалификуваат македонсктие бугари како малцинство. Тоа не одговара на реалноста, на уставот на нашата соседна земја. Тоа може да предизвика сериозни проблеми во нашите односи и да го поткопа целиот процес на европска интеграција на РС Македонија, изјави Радев.