ОБУКА И ЗНАЕЊЕ, А НЕ САМО БРЕНДИРАНА ОБЛЕКА И АЈДЕ ДА ОСВОЈУВАМЕ ВРВОВИ

0
25

Залутани и повредени планинари се се почестите информации последниве неколку години. Неинформираноста и неподготвеноста пред секоја планинарска тура е главната причина за ваквите несреќи, посочуваат планинарските друштва. Но и уништувањето на природата ја намалува безбедност во планината, каде се случуваат чести ерозивни процеси.

 

Се движат во мали групи, некогаш и сами, без било каква подготвеност или информираност за пределот. Ова се најчестите ризик фактори за несреќите на планина.

За поздравување е интересот особено на младите кои викендите ги поминуваат на планина. Но, претходно мора да поминат мала обука, а пред секое тргнување кон некој врв како превентива, да ја информираат наблиската полициска станица или планинарски дом.

Илија Димитриевски повеќе од 50 години се занимава со планинарство. Порано вели се организирале планинарски тури, пешачеле и по повеќе четриесетина километри, но постоело дисциплина и ред. Но, најважно од се е што сите сме ја почитувале планината, која сега се уништува, а таа двојно ни враќа.

Во Тетово се организираше обука како до побезбедно планинарство, каде учество зедоа и помлади лица.

 

Обуките во огранизација на ПК Јелак ќе траат во текот на цел месец теоретски и практично, со цел поголема безбедност и намалување на несреќите во планина.