Самка Ибраимовски најави посебен попис за Ромите

0
23

Претседателот на ПЦЕР Самка Ибраимовски реагира дека пописот бил “срамота” а тој што го спровел треба кривично да одговара.

“Овој попис е срамота и ние не го признаваме и тој што го спровел треба кривично да одговара” , вели Самка Ибраимовски, претседател на ПЦЕР во гостувањето во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

Додаде дека ќе се жалат до странските амбасади до Брисел и Вашингтон и наскоро ќе започнат со операција во којашто ќе докажат дека овој попис е фалсификуван и дека Ромите наместо реално да бидат над 7 проценти како трет по број етникум во државата, се катастрофално оштетени“

Тој смета дека целиот попис е направен со една цел, како да се обезбедат и фризираат бројките и потребниот сооднос на застапеност на Албанците