Спасовски за нападот на Тот: Во ниту еден момент нема застој во истрагата

0
22

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес конфереција упати сочувство кон семејството на починатиот ракометар Денис Тот.

Тој вели дека ги отфрла сите шпекулации за наводно покривање на овој случај и застој во истрагата.

Во ниту еден момент нема никаков застој во истрагата. Веднаш после добивање на информацијата која не е добиена од лице место за нарушување на јавен ред и мир за тепачка и.т.н туку е добиена од Клиничкиот центар во Скопје. Нашите екипи се излезени во клинички и започнува истажните дејствија. Во ниту еден момент немаме запирање се до моментот на целосно расчистување на случајот а тоа е со поднесување пријави“, вели Спасовски