Стопанска комора: Високите сметки за струја ќе ги затворат компаниите

0
20

Компаниите не можат повеќе да го издржат товарот од високите сметки за електрична енергија велат од Стопанската комора. Од декември апелираат до властите да преземат мерки, бидејќи сметките за струја се неколкукратно повисоки, но одговор не добиле. На долг рок постои опасност голем дел од компаниите да го запрат своето производство.

„Пелагонија и Преспа се најзагрозени компании претседател сум 12 години можам да кажам дека компаниите се во најтешка состојба да не кажам во кома, компании веќе кои го затворија производството. Мојата компанија имаше 800 илјади дена струја сега плаќа 2 милиони, компании со 100 илјади евра сега 300 евра и веќе застанува со производство“, рече Мирко Велковски, претседател на регионална комора Битола.

Од комората велат дека компаниите се подготвени да инвестираат во фотоволтаиции, но наидуваат на пречки поради бирократски процедури за да ја направаат оваа инвестиција.

„Спремни сме голем дел од сопствените средства да ги инвестираме во сончева енергија во фотоволтаици со цел главниот трошок на енергетскиот импакт да го надминеме. Меѓутоа имаме административни пречки од локалните власти каде што функционираме ги замолуваме локалните власти заедно со владината подршка да ги надминат пречките и да штанцаат дозволи“, рече Ирена Јакимовска- Претседателка на регионална комора Прилеп.

Поради неизвесноста во која се наоѓаат компаниите помошта од државата е неизбежно сценарио за да се не случи стопирање на инвестиците и отпуштање на работници.

„Никој не може да предвиди колку ова ќе трае, а сето ова доведува до една тешка неизвесност која може да не донесе до ситуација фирмите да се откажуваат од инвестиции, да се откажуваат од работни места, а за некој период и да затворат“, вели Бранко Азески- Претседател на Стопанска комора.

Од комората за утре најавија уште една средба по што ќе и предложат на Владата предлог мерки за надминување на кризата. Покрај помош во делот на електричната енергија ќе побараат и во следниот период на компаните да немаат дополнителни даночни давачки.