Таравари: Пописот во Гостивар покажа егзодус, виновно е високото образование

0
22

Арбен Таравари, градоначалникот на Гостивар, падот на бројката од 21.000 жотелчи помалку во општината која ја покажа пописот ја нарече егзодус во вестите на ТВ24.

– Во бројката од 2002 од 81.000 жители мислам дека се вклучени и Врапчиште и Маврово тогаш. Но сепак падот за 25 отсто помалку е скандалозен. Од овде не мигрираат, туку ова е егзодус. Оваа страшна бројка значи дека треба да се седне и да се размисли што понатаму, вели градоначалникот.

За Таравари најголема вина има процесот на образование, особено високото.

– Бегаат затоа што образованието е скандалозно, особено факултетите. Таму се продаваат дипломи, и ние молчиме за тоа што се прави во високото образование. Некој што дипломирал на нормален факултет и некој кој плаќал четири години за диплома се исти пред конкурсот, смета тој.