Зеленски ги предупреди Украинците дека ги очекуваат тешки битки околу Донбас

0
21

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги предупреди Украинците дека ги очекуваат тешки битки на истокот од земјата, околу Донбас и Харкив.

Вели дека руските сили се подготвуваат за нови моќни удари во тие региони.

„Нè очекуваат тешки битки. Не смееме да мислиме дека веќе сме ги поминале сите тестови“, кажа Зеленски.

Претседателот вели дека сепак 3.000 цивили успеале да го напуштат градот Мариупол на југоистокот на Украина. Веќе 38 дена има војна во Украина. На 24 февруари, Русија ја почна инвазијата на Украина.