ВИДЕО – ГОЛЕМ БРОЈ НА ТЕТОВСКИ МАЛА ПОПЛАВЕНИ, РЕКИ ПО СООБРАЌАЈНИЦИТЕ, БЛОКИРАНИ НАДВОЗНИЦИ

0
37

Поплавени голем број на тетовски мала, непроодни надвозници, реки на улиците и тротоарите. Ваква беше сликата по обилните врнежи од дожд, кои попладнево го зафатија Тетово. Неколку екипи на Дирекцијата за заштита и спасување и тетовската противпожарна единица работат на испумпување на водата од куќите и надвозниците. За среќа нема евидентирано излевање на реките.

Ова е само една од десетината поплавени куќи во ова тетовско мало, наспроти тетовската касарна. 200 тони вода е испупмана, а има уште толку во подрумските простории, вели сопственикот.

После секој породен дожд, се бориме со поплавите. Атмосверската канализација не може да издржи поголемо количество на вода и на крај се излева кај нас дома.

Подолу е линкот од видео прилогот на МРТВ