ОПШТИНА ТЕТОВО БАРА ПОМОШ ОД ВЛАДАТА ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ПОПЛАВИТЕ

0
34

Соопштение од кризниот штаб на општина Тетово по денешните поплави кои го зафатија градот.

ПОДОЛУ е целото соопштение –

На ден 29.05.2022 година (недела), со почеток во 17:00 часот, во општина Тетово се одржа седница на кризниот штаб во врска со состојбата настаната од поројните дождови што го зафатија регионот на Република Северна Македонија, што предизвика значителна штета и во општина Тетово.

Во дискусијата, градоначалникот на Тетово, Билал Касами, заедно со останатите членови на кризниот штаб на општина Тетово ги донесоа следните заклучоци:

1. Барање помош од Владата во однос на справувањето со ситуацијата и надоместување на штетите,

2. Барање помош и од град Скопје за чистење на улиците,

3. Воспоставување контакт број за пријавување на штетите од страна на граѓаните,

4. Воспоставување континуирана комуникација со Центарот за управување со кризи, полицијата и Дирекцијата за заштита и спасување во врска со преземањето на мерки на претпазливост за избегнување на поголеми штети.

5. Барање до Владата за интервенција, односно чистење на речните корита.

6. Да се формира вибер – група во која ќе се координира кризниот штаб во однос на превентивните мерки кои треба да се преземат во случај на кризи,

7. Да се интервенира во делот на атмосферската канализација (долгорочно)

8. Да се провери исправноста на водата за пиење.