ПЕТКОВ ГИ ДЕМАНТИРА ТВРДЕЊАТА ДЕКА НА 22 МЕСЕЦОВ СО МАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ЌЕ ПОТПИШАТ НЕКАКОВ ДОКУМЕНТ

0
33

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска во Софија пред пратениците ги отфрли тврдењата дека на 22 мај во Македонија двете влади ќе стават потпис на конкретен документ. Петков изјави дека дури и доаѓањето на бугарската делегација не е финализирано.

„Средбата се уште не е финализирана, но едно е сигурно, ние само го продолжуваме конструктивниот дијалог, но нема да биде потпишано ништо конкретно“, рече Петков.

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски вели дека министерствата за надворешни работи на Македонија и Бугарија комуницираат, но нема усогласен документ. Тој не сака да ги крева очекувањата за деблокада во јуни и вели дека не се врзува со датуми.

Македонскиот тим во Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања со Бугарија по дводневната средба во Софија соопшти дека разговорите поминале во конструктивна атмосфера.