РАДЕВ – ИМА ОГРОМЕН МЕЃУНАРОДЕН ПРИТИСОК ЗА УКИНУВАЊЕ НА БУГАРСКОТО ВЕТО

0
28

На денот кога ја одбележуваме 119-годишнината од смртта на револуционер Гоце Делчев, претседателот на Бугарија Румен Радев вели дека евроатлантските партнери вршат притисок врз Бугарија да го укине ветото за членството на Северна Македонија.

Румен Радев е покровител на Националната конференција во спомен на Гоце Делчев.

Според Радев, во моментов во Македонија беснее антибугарска кампања и се користат секакви механизми за лобирање и притисок врз Бугарија за компромиси.

„Притисокот е огромен и парадоксален е, за жал, притисок врз земјата членка во најголем дел, помал дел врз земјата кандидат, но притисок поради неразбирање на длабочината на историските проблеми. Јас сум за отворање на вратата за почеток на преговори кога ќе видиме јасни гаранции за неоспорен процес за заштита на нашето културно и историско наследство. Промената на Уставот и натписот на еден збор „Бугари“, заедно со другите делови од народот, значи дека ја прифаќате европската идеја“, рече Радев.